fbpx

Ковачевски: САД се наш стратешки партнер, чија поддршка е исклучително ценета

Премиерот Димитар Ковачевски испрати честитка по повод Денот на независноста на САД - 4 Јули

-

САД се наш стратешки партнер, чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава, порача премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка по повод Денот на независноста на САД – 4 Јули.

Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека земјава имала стратешки партнер во САД во сите предизвици од нејзиното осамостојување до денес.

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, чија поддршка во сите предизвици од независноста до денес, вклучувајќи ја и недвосмислената поддршка за процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија, исклучително ја цениме“, се вели во честитката.

Македонскиот премиер вели дека „заедничката посветеност на демократијата, на слободата, еднаквоста, почитувањето на човековите права, на градењето силни демократски општества“ е основата на која пријателството и партнерството на двете земји ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат, неизоставно и како сојузници во НАТО.

Во честитката се нагласува дека придонесот на САД „е огромен во делот на интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борба со корупција и криминал“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...