Заев вечерва во „Универзална“ ќе понуди преодна влада?

-

Вечерва во „Универзална сала“, со почеток во 19 часот,  ќе се одржи трибина „Вистината за Македонија: Изборен грабеж“, организирана од СДСМ. Како што најави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на трибината ќе ги објават доказите за тоа како ВМРО-ДПМНЕ во неколку изборни циклуси ги фалсификувала изборите.

На последната прес-конференција на Заев, која се одржа во петокот, лидерот на СДСМ рече дека денеска ќе бидат презентирани „најзначајните, најдрските и најбезобразните примери“ за грабеж на изборните процеси, направени од Никола Груески и од неговите соработници.

Влезот во „Универзална сала“ ќе биде слободен, а пред објектот ќе има поставено два екрани, на кои граѓаните кои нема да успеат да влезат, ќе можат директно да ги следат случувањата во салата. За присуство на настанот акредитирани се повеќе од 120 новинари, сниматели и фоторепортери.

Се очекува вечерва, СДСМ да ја презентира и предлог-политичката платформа со редослед на потези за излез од политичката криза.

Како што објави „Дојче веле“, можно е лидерот на опозицијата да предложи формирање преодна влада.

Извори од партијата за „Дојче веле“ велат дека потребата од формирање преодна влада му била предочена и на еврокомесарот Хан.

– Во неа би требало да седнат авторитети без партиски предзнак, луѓе со личен морален интегритет и докажани експерти во своите области. Таа би имала мандат да спроведе крупни реформи во поглед на функционирањето на политичкиот систем и на институциите. Изборот на непартиски состав би ги намалил тензиите дека некој сака без избори да седне во владата – велат тие, без да прејудицираат дали тој предлог би бил соопштен вечерва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...