fbpx

„Цивил“: Владата да им се извини на Ромите и да се санкционираат прекршителите на Уставот

-

Навредливиот речник и бруталниот однос кон Ромите, за кои се дознава од аудиоснимките на разговорите на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а кои ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се крајно неприфатливи и заслужуваат секаква осуда, соопшти денеска невладината организација „Цивил“, додавајќи дека тоа е уште една потврда на извештаите од изборното набљудување на организацијата.

– Пејоративните називи за Ромите, нивното маргинализрање, уценувањето и купувањето на нивните гласови е неморална и противзаконска практика на власта, за што добивме дополнителни докази од јавното преслушување на аудиоснимките што ги претстави опозицијата. „Цивил“ се придружува кон барањето за јавно извинување на Ромите од Владата, кое го упати Здружението „Романо Авази“ – стои во соопштението.

„Цивил“ го поддржа барањето на Здружението „Романо Авази“, Владата да се извини, но, исто така, ја истакна потребата да се побара одговорност од сите функционери за кои постојат индиции дека сториле дела против Уставот и законите на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...