fbpx

Голема меѓународна археолошка конференција во организација на ХАЕМУС

-

На 13 и на 14 март (петок и сабота) во Скопје, во организација на ХАЕМУС Центарот за научни истражувања и промоција на културата, ќе се одржи  голема меѓународна археолошка конференција „Населби, култура и динамика на популациите во Балканската прaисторија“, посветена на праисторијата.

Ќе учествуваат повеќе од стотина археолози од 20 земји, правејќи го овој научен собир најголема археолошка конференција што некогаш се случила во Република Македонија.

Најмногу учесници доаѓаат од Хрватскиот конзерваторски центар (Загреб); Археолошкиот институт (Загреб); Археолошкиот институт (САНУ – Белград); Археолошкиот институт  (Бугарска академија на науките, Софија), Универзитетски колеџ од Лондон (University College of London – UCL); од неколку музеи од Романија итн. Угледот и значењето на оваа конференција ги потврдува присуството на дел од најзначајните имиња од областа на прaисториската археологија во Европа.

Конференција вклучува презентации од археолози, изложба со постери и уште неколку настани. Партнери на конференцијата се Музејот на Град Скопје и Меѓународната организација за музеи под отворено небо и екпериментална археологија (EXARC).

Официјален јазик на конференцијата е англискиот, а целиот настан се прави под мотото на УНЕСКО, „Отворени oбразовни pесурси“, кои се и главен партнер.

По конференцијата, научните текстови ќе бидат публикувани во посебна монографија во издание на „Археопрес“, престижна издавачка куќа од Оксфорд, специјализирана само за публикување научна археолошка литература.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...