fbpx

Поради снег, отсечени повеќе села во Старо Нагоричане

-

Во општина Старо Нагоричане, селата Арбанашко, Длабочица, Мгленце, Малотино, Жељувино, Дренак, Цветишница се отсечени поради врнежи од снег.

Во дел од овие села нема електрична енергија поради дефект во нисконапонската мрежа.

Од подрачното одделние на РЦУК информираа дека висината на снежната покривка изнесува 35 сантиметри.

Од одделението за урбанизам на Општина Старо Нагоричане, пак, соопштија дека на одредени места висината на снежната покривка е 50 снатиметри. Поради силниот ветер, има и наноси од снег со висина од еден метар. Општината веќе ги презема потребните мерките за расчистување на патниот правец, по што и екипи на ЕВН ќе излезат на терен и ќе ги остранат дефектите во тој реон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џафери: Спроведовме фер, демократски, европски избори

Во прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери за работата на Владата изминатите сто дена под негово раководство, тој се осврна на успешниот изборен процес,...