fbpx

Македонија во соработка со НАТО сојузниците се справува со интензивниот хибриден напад

На средбата се дискутирало и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во регионот

-

Интензивните хибридни напади со кои се соочува земјава во изминатиов период претставуваат малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот на институциите. Ова е констатацијата од денешната работна средба на македонскиот државен врв со делегација на НАТО, предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.

Владината делегација ја предводеше премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, информираат од владината прес-служба.

На средбата, тема на разговор биле актуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Северна Македонија, како и другите земји членки на Алијансата.

Присутните министри имале можност да разговараат со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности, со кои е обезбедена стабилноста и безбедноста на граѓаните и поради кои, заедно со безбедносните служби, ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна.

На средбата се дискутирало и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во регионот и врз другите членки на НАТО.

„Заменик помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи, нагласи дека предизвиците со кои се соочува Северна Македонија се предизвици за НАТО членките и дека Владата на Република Северна Македонија ниту понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што тоа не го правела ниту досега. НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност“, стои во владиното соопштение.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил на НАТО за целата поддршка која Северна Македонија ја добива во борбата со новите безбедносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на кибер безбедноста на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...