Нетфликс ја намали претплатата за корисниците во Северна Македонија

фото: @dclmister на Unsplash

Стриминг платфoрмата Нетфликс ја намалува цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Северна Македонија. Поевтинувањето на претплатата е многу редок чекор што го преземаат стриминг платформите, а засега нема најава дека месечните претплати ќе поевтинат и во други делови од Европа или светот.

Известување за новите и пониски цени веќе добија претплатниците на Нетфликс што живеат во Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Словачка, Бугарија и Северна Македонија.

За основниот план, наместо досегашните 8 евра, Нетфликс на Балканот отсега ќе наплаќа 5 евра месечно. Стандардниот план, наместо 10, сега чини 8 евра, додека премиум планот чини 10 евра, а е поевтин од досегашните 12 евра.

Намалувањето на претплатата во балканските земји доаѓа во време кога Нетфликс започна со реализација на планот за забрана на споделувањето лозинки.

Доаѓа крајот на споделувањето лозинки за гледање на Нетфликс