fbpx

Рашковски поднесе кривична пријава против обвинителката која го води неговиот случај

-

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски утрово соопшти дека поднел кривична пријава против обвинителката која го води случајот против него наречен „Софтвери“, во кој тој е обвинет за корупција.

Како што соопшти Рашковски, тој ќе поднел повеќе кривични пријави, а веќе поднел и претставка до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според поранешниот генерален владин секретар, кривичната пријава е затоа што првопријавената не доставила до судот допис од Генералниот секретаријат доставен до нејзе и не го поднела во листата на докази, бидејќи со тој допис целиот обвинителен акт против Рашковски ќе бил беспредметен.

Поднесено обвинението против Рашковски: Парите од тендерите ги префрлал на свои сметки и си отплаќал кредити

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...