fbpx

МНР со реакција до Софија поради „недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија“

-

Министерството за надворешни работи (МНР) информираше дека по дипломатски пат реагирало до властите во Република Бугарија со барање официјална Софија да се огради од „недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија“.

Од МНР велат дека ги следат изјавите на одредени бугарски политички фигури чии провокации продолжуваат без да се води сметка за напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.

„Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави. Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“, се вели во соопштението на македонското МНР.

Реакцијата на МНР следи по провокативниот говор на бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, околу историјата и односите меѓу двете земји, што го одржа за време на одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бара Бунева во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...