Се бара онлајн поддршка за младата научничка Ема Донев на Breakthrough Junior Challenge

Фото: Принскрин од видеото на Ема на Јутјуб

Младата научничка Ема Донев (14) е единствена натпреварувачка од континентална Европа која има можност да ја освои престижната награда „Breakthrough Junior Challenge”. Оваа награда се доделува во рамки на годишен натпревар кој го стимулира креативното размислување за науката, а кој е наменет за средношколци на возраст од 13 до 18 години. Една од задачите е да се пријават со поднесување на видео во кое објаснуваат теоретски концепт од областа на науката, физиката или математиката.

„Во рамки на овогодинешниот натпревар, учество заземаа повеќе од 2.400 кандидати од целиот свет. Во полуфиналето се пласираа 30 учесници со своите видеа, одбрани од стручното жири, а меѓу нив е и Ема“, информираат од меѓународната мрежа „Апра Портер Новели“.

Сите оние кои сакаат да ја поддржат Ема потребно е само да кликнат „Like“ на Фејсбук видеото: https://fb.watch/fuDehIl7gf/, како и на ЈуТјуб видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=ynVnb8jExbQ, најдоцна до 20.09.2022, до крајот на денот.