fbpx

Исплатени 31,7 милиони денари субвенции на 17.630 земјоделци

-

Државата денеска исплати 31,7 милиони денари субвенции за добиточна храна, индустриски и за житни култури. Министерството за финансии соопшти дека средствата се префрлени на сметките на 17.630 земјоделци.

За одржување површини засадени со добиточна храна, префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката изнесува 1.000 денари за еден хектар за одржување обработлива површина.

За сончоглед и за ориз исплатени се 9 милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари за еден хектар за одржување површини засадени со овие култури.

– Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжува да го поддржува земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство преку повеќе мерки, меѓу кои и исплата на субвенции – се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...