fbpx

„Гентерм“ ќе инвестира 20 милиони евра и ќе вработи 2.000 лица

-

Околу 2.000 нови вработувања најавува американската компанија „Гентерм“, која денеска ги потпиша договорите за реализирање на планираната инвестиција во економската зона Прилеп, вредна 20 милиони евра.

Како што соопшти денеска директорот на компанијата, Јорк Еверс, во првата фаза е предвидена изградба на објект од 6.500 квадратни метри и вработување на 1.000 лица.

Фабриката треба да профункционира од октомври годинава. Ќе се произведуваат клима-уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар, кај купувачи како „Бентли“, „Рено“, „Бе-Ем-Ве“, „Порше“, „Фиат“…

– Достапноста на едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности беа причините поради кои ја одбравме Македонија. Во игра беа вкупно пет земји од Југоисточна Европа, но по деталните анализи, констатиравме дека Македонија е најдобриот избор – нагласи Еверс.

Според него, за „Гентерм“, вложувањето во земјава е голем чекор што ќе им овозможи проширување на бизнисот во Европа.

Во согласност со проекциите, американската компанија ќе гради фабрика со вкупна површина од 21.000 квадратни метри. Паралелно со активностите околу изградбата што треба да почнат идната недела, се подготвува и зоната во Прилеп.

– Во тек е изборот на менаџерскиот тим и на лицата што ќе се вработат, а наскоро ќе почнат и обуките во фабриката на „Гентерм“ во Украина – информира директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

„Гентерм“ е глобална, брзорастечка компанија, која произведува електроуреди за регулирање на термална енергија во автомобилите. Брои вкупно 9.000 вработени во капацитетите во САД и во Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари. Погонот што ќе се отвора во Прилеп, според најавите, ќе биде современ, со најмодерна технологија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...