fbpx

Шефот на МИ6: Способноста на Путин да шпионира во Европа се намали на половина

-

Шефот на британската надворешна разузнавачка служба МИ6 верува дека Русија ја губи силата во инвазијата на Украина и ја изгубила способноста да шпионира во Европа „на половина“, по протерувањето на повеќе од 400 руски разузнавачи од градовите низ Европа и апсењето на неколку шпиони со длабоко покритие кои се претставуваат како цивили, објави Си-ен-ен.

Ричард Мур, шефот на МИ6, за Си-Ен-Ен изјави дека откако Русија ја нападна Украина во февруари, европските земји протерале 400 руски разузнавачи кои дејствувале под дипломатско покритие низ целиот блок.

Тој додаде дека голем број „илегалци“ или руски шпиони кои дејствуваат под длабока закрила и се маскираат како обични цивили, исто така биле разоткриени и уапсени во последните месеци. Мур, исто така, рече дека верува оти Русија би можела да остане без доволно сила во Украина.

„Мислам дека нашата проценка е оти на Русите ќе им биде сè потешко да ги снабдуваат војниците со резерви во следните неколку недели“, рече тој. „Тие ќе мора да паузираат на некој начин и тоа ќе им даде можност на Украинците да возвратат. Нивниот морал е сè уште висок“, рече Мур, мислејќи на Украинците.

„Тие почнуваат да добиваат сè поголеми количини на добро оружје. Спротивно на тоа, Русија значително не успеа во своите првични цели да го заземе Киев и да ја собори владата таму и во голема мера користи „топовско месо“ за своите офанзиви во источна Украина“, рече тој.

Запрашан дали војната во Украина ја направи Русија средина со „голем број на многу посакувани цели со висока вредност“ за Обединетото Кралство и нејзините сојузници за потенцијална регрутација, Мур рече дека се надева дека Русите во разузнавачките и дипломатските служби „ќе размислат за тоа што тие сведочат во Украина“ и ќе решат да „возвратат на системот“ како што направија многумина за време на Прашката пролет во 1968 година.

„Нашата врата е секогаш отворена“, рече тој.

Мур исто така го повтори она што директорот на ЦИА Бил Барнс го кажа на форумот во средата за здравјето на рускиот претседател Владимир Путин. „Нема докази дека Путин страда од сериозно лошо здравје“, рече тој. Барнс изјави на форумот дека САД веруваат дека Путин е здрав, и покрај гласините и шпекулациите дека можеби е болен.

На прашањето какви лекции научи Кина од руската инвазија на Украина, особено кога станува збор за тоа дали Пекинг би можел да се обиде да го нападне Тајван, Мур рече дека е премногу рано да се каже. Но, тој рече дека кинескиот претседател Си Џинпинг го следи конфликтот и како САД и Западот реагираат на него „како јастреб“.

„Мислам дека тој ја потценува решителноста и моќта на САД“, рече Мур. „И тоа може да го доведе до погрешно пресметување… особено во врска со Тајван“. Мур, сепак, рече дека не верува дека војната меѓу Кина и Тајван е неизбежна. Мур рече дека МИ6 сега посветува „повеќе напор на Кина од која било друга поединечна тема“.

„На едно ниво, разбирањето на стратешките намери на Кси Џингпинг не е тешко“, рече Мур, наведувајќи ја наведената желба на Кси да доминира во клучните технолошки простори.

Но, ако одите под таа стратегија во однос на тоа како тие ја спроведуваат, како се организираат, каква е нивната тактичка намера и кои се способностите што ги градат, тоа е непознато“, рече тој.

Мур рече дека сепак е јасно дека Кинезите „им помагаат на Русите во врска со Украина со купување на нивната нафта“. И додека тие беа „прилично конзервативни во врска со воената помош“ за Русија, „сигурен сум дека ако би можеле да го обезбедат тоа и да се извлечат од тоа, би го направиле“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...