fbpx

Вистиномер: Најмалку 12 пати биле палени автомобили во Прилеп од 2015 година до денес

-

Четири запалени автомобили за еден месец во три намерни опожарувања, се само врвот на трендот на ваквата криминална активност во Прилеп или на подрачјето на ОВР Прилеп. Мала претрага по интернет открива дека од 2015 година досега имало најмалку 12 вакви случаи, пишува Вистиномер.мк.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Палењето автомобили како кривично дело за уништување или оштетување на имот или предизвикување општа опасност, треба да го загрижи општеството, особено граѓаните во Прилеп, како што тоа сугерираат и од Општината, кои бараат од МВР и од ПС Прилеп резултати поради чувството дека е загрозена безбедноста и јавниот ред и мир. Ова, дотолку повеќе што мала претрага по интернет покажа дека од 2015 година до последните случаи имало најмалку 12 вакви дела.

Да напоменеме дека овие 12 случаи се извадени директно од полициските билтени на МВР, значи од официјални извори. Првото дело што го најдовме е во 2015 година, па во 2016 година, па во 2017 годинаповторно во 2017 година, и трет пат во 2017 година, иако овојпат пожарот започнал во внатрешниот дел во паркирано возило, па во 2018 година, прв пат, потоа  во 2018 година, втор пат, па во 2020 година,  па во 2021 година и овие најновите три за кои зборуваме, се во 2022 година..

Четири  автомобили за нецел месец – сите во сопственост на лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ

За два дена во Прилеп беа запалени два автомобила при што опожарени се три, едниот како колатерална штета. Лицата кои се сопственици на автомобилите извршуваат работни функции кои може да индицираат дека станува збор за кривично дело поврзано со функциите на лицата. А, бидејќи тие се поврзани со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тоа може да е индикација и за кривични дела од политички мотиви или спрега на политика со криминал.

Во првиот случај станува збор за возило во сопственост на пратеник на опозицијата, а во вториот на началничка на сектор за урбанизам, исто така дел од новото раководството на Прилеп кое припаѓа на истата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво.

Две недели пред тоа било опожарено и трето возило исто така во сопственост на именувано лице, директор на ЈПК Комуналец од Прилеп, дел од функционери што ги именувала локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Општинското раководство, т.е. градоначалникот на Прилеп Борче Јовчевски реагираше на двапати, еднаш на 30 јуни кога беше запален автомобилот на директорот, и вторпат завчера кога беше опожарено возилото на пратеникот Пеце Ристоски. Градоначалникот смета дека возилата не се палат случајно и бара од министерот Оливер Спасовски разрешување на првиот човек на ПС Прилеп.

Трендот можеби не е политички, но пироманите може да се злоупотребат

Иако ОВР Прилеп демантира дека е загрозена јавната безбедност во градот, а командирот на прилепската полиција одби да поднесе сам оставка, сосема е јасно дека МВР мора да реагира и, или итно да ги разјасни овие кривични дела или да изврши кадровски и организациски промени со цел да запре овој тренд на палење на автомобили.

Во таа насока не делува охрабрувачки што откако се уапсени две лица поврзани со сомневање за палење на автомобилот на пратеникот Петар Ристески, палењето продолжи уште веднаш по апсењето.

Од полициските билтени не може да се извади заклучок за криминал со политички мотиви, но јасно е дека пироманите што палат автомобили секогаш може да се злоупотребат и за такви дела. Оттука, брзата реакција е уште повеќе неопходна. Дотолку повеќе што палењето на возилото на пратеник, иако беше осудено и од владејачката СДСМ, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се квалификува како мафијашки метод на власта против опозицијата.

Палењето на автомобил во Кривичниот законик не е наведено експлицитно, но може да влезе под кривичните дела насилство, член 386 или под член 288, предизвикување на општа опасност.

Пишува: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...