fbpx

Пендаровски со честитка по повод почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ

-

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес упати честитка до сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во соопштението тој вели дека и покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда.

„Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата“, рече тој.

Претседателот истакна дека нѐ чека „напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори“.

„Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција“, се вели во претседателското соопштение.

Пендаровски повика и да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден

МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си...