fbpx

Самит во Вашингтон: Македонија и во иднина ќе може да смета на поддршката од САД

-

Борбата против „странските терористички борци“, покрај вклучувањето на сите на регионално и меѓународно ниво, бара вклучување и на невладиниот сектор, верските и религиозни заедници и на сите други организации и агенции засегнати од оваа проблематика, истакнала во своето обраќање министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, при своето обраќање на министерскиот состанок за „размена на информации при справување со странските терористички борци“, а во рамките на Самитот на Белата Куќа за борба против насилниот екстремизам.

Јанкулоска, како што сооштуваат од МВР, доцна синоќа имала работна средба со Џим Волш, заменик-асистент на секретарот на Меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот и со Ричард Милер, директор на ИЦИТАП-програмата.

„На средбата беше дискутирано за досегашната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, реализирана преку овие програми, при што од двете страни беше констатирано дека истата се одвива континуирано, на високо ниво, при што беше посочено дека поддршката за МВР ќе продолжи и во иднина во областите кои се од особен интерес на министерството за внатрешни работи“, стои во соопштението на МВР.

Денеска ќе се одржи централниот настан на Самитот, на кој ќе учествуваат претставници на повеќе од 60 земји во светот. Како што е предвидено, настанот треба да го отвори претседателот на САД, Барак Обама, а во рамките на четвртата сесија свое обраќање треба да има министерката Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...