fbpx

Со молк и со бели маски на лицето, „Ајде“ го искажа револтот за смртта на Тамара

-

Облечени во црно, со молк и со бели маски на лицата, граѓаните од здружението „Ајде“ денеска маршираа од Старата скопска чаршија до Министерството за здравство. Маските на лицата ја симболизираа безличноста и беспомошноста на граѓанинот пред институциите, а нивниот молкот – игнорантскиот однос на институциите кон граѓаните.

Организаторите пред објектот на Mинистерството пуштија звук на отчукување на срце што престанува да работи за да ја прикажат смртта на малата Тамара Димовска, која на 9 февруари почина чекајќи Фондот за здравствено осигурување да ѝ одобри пари за операција во Турција. Поворката тргна од ГEM-клубот во Старата чаршија и преку плоштад стигна до Министерството за здравство. Настанот го организираше граѓанското здружение „Ајде“.

Учесниците пред објектот на Министерството се наредија во два реда и држеа огромно платно на кое пишуваше „Одговорност за Тамара од …“, а под текстот беа лицата на министерот за здравство, Никола Тодоров, директорите на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемаили Мехази, Владимир Поповски, заменик-претседател на првостепена комисија, Аспазија Софијанова, на второстепена комисија и Ангел Митевски, претседател на Управниот одбор на ФЗО.

– Деветгодишната Тамара Димовска е последна во низата жртви на несовесното и неодговорно работење на Министерството за здравство и на ФЗО. Таа ја изгуби битката со бирократијата и со алчното трчање по дневно-политички поени на оние кои мораше и требаше да ја спасат, на оние кои имаа задача и мандат да го сторат тоа. Тие не се грижеа за нејзината здравствена состојба. Уште пострашно, тие воопшто не беа загрижени за животот на ова дете. Беа и се заинтересирани, единствено за своите политички интереси. Тие безмилосно тактизираат, калкулираат и жртвуваат човечки жртви – пишува во соопштението на организаторите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...