fbpx

Денеска повторно над 310 нови случаи на ковид, починати двајца

-

Во изминативе 24 часа во земјава од направени 2.250 тестови се регистрирани 319 нови случаи на ковид, а како резултат на болеста починале двајца. Според најновите податоци за ковид-случаите од Институтот за јавно здравје, што ги објави Министерството за здравство, ковид-пандемијата не попушта и веќе четврти ден бројот на нови случаи е над 310 дневно.

Вчера беа регистрирани 324 случаи, завчера бројката беше 328, а во вторникот таа имаше 312 нови заболени.

Од новите 319 случаи регистрирани во последниве 24 часа, најголемиот број се од Скопје – 162, а втор град на листата е Битола, со 23 нови случаи.

Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии.

Во последните 24 часа регистрирани сe 288 оздравени пациенти и две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај пријавените починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.933.038 тестирања за ковид-19.

Вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...