fbpx

Полицијата вчера изрекла 318 казни за прекршоци што ги прават пешаците

-

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 318 пешаци, соопшти МВР.

„При тоа 250 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено светло…Од нив 156 на територија на СВР Скопје, 41 на територија на СВР Битола, 31 на територија на СВР Тетово. За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци“, наведено е во соопштението.

Според податоците на МВР за време на вчерашната контролa санкционирани се 141 возач кои возеле брзо. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 100 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 41 надвор од населено место.

Од полицијата нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...