fbpx

Македонското знаме ја понесе титулата најубаво знаме

-

Македонското знаме со 13.190 гласа го освои првото место на изборот за најдобро знаме во светот, кој го организираше канадскиот весник „Прованс“.

Во тринеделниот натпревар, на кој се гласаше на интернет, учествуваат 64 знамиња. Македонското знаме влезе во четвртфиналето, кога почна масовното гласање за поддршка на македонскиот национален симбол. Македонското знаме успеа да ги победи знамињата на Швајцарија, Канада и на Велика Британија, која се најде во финалето, но освои само 858 гласа.

Македонското знаеме е е создадено во 1995 година, по спогодбата со Грција, со која се бараше замена за симболот на шеснаесеткракото сонце од Вергина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...