fbpx

Исплатена платата на железничарите, возовите повторно сообраќаат

-

Патничките и товарните возови во земјава почнаа да сообраќаат од вчера попладне, откако на железничарите им е исплатен вториот дел од платата за декември. Возовите сообраќаат по вообичаениот возен ред, а машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ-Транспорт редовно си ги извршува работните обврски.

Прекинот на железничкиот сообраќај започна завчера, поради тоа што железничарите уште во ноември лани го предупредија раководството на државната компанија дека возовите нема да сообраќаат, доколку најдоцна до 25-ти во месецот не им биде во целост исплатена платата од претходниот месец.

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт, пак, вчера излезе со соопштение во кое наведе дека прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на нивната компанија. Тие тврдат дека работат со намалени приходи, а зголемени трошоци поради енормниот скок на цената на електричната енергија, што ги зголемува трошоците во работењето. Истовремено, со прекинот на сообраќајот, се нанесува штета на самото претпријатие, но и на стопанството.

Според податоците на Министерството за финансии, на крајот од 2021 година Железници на РСМ-Транспорт има акумулирани загуби во износ од 65 милиони евра. Притоа, ваквите долгови на претпријатието растат во континуитет низ годините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...