fbpx

Заев се сретна со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија

-

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, и со шефот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џемјс де Вит.

Главна тема на разговорите беше актуелната состојба во Република Македонија.

Претседателот Заев рече дека раководството на СДСМ внимателно ќе го води процесот на објавување на „Вистината за Македонија“, имајќи ги предвид интересите на граѓаните и на државата.

– „Вистината за Македонија“ почна да допира до јавноста. Ќе продолжиме со објавување сè до конечно враќање на слободата, демократијата и на европските вредности во Република Македонија. Внимателно ќе го водиме процесот, имајќи ги предвид интересите на граѓаните – рече Заев.

Тој посочи дека прислушувањето на повеќе од 20.000 граѓани од службите под контрола на Никола Груевски и на неколкумина околу него, само по себе е скандалозно и недозволиво за една нормална, демократска држава.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...