Познати победниците на гејминг настанот „А1 Game Fest“

A1 Game Fest
фото: A1 Game Fest /Фејсбук

Заврши големиот гејминг настан „A1 Game Fest“ што викендов се одржа во трговскиот центар East Gate Mall во Скопје.

Настанот во организација на А1 Македонија и GG.mk вклучуваше натпревари во видео-игрите CS:GO, Dota 2, Tekken 7, FIFA22, како и Cosplay натпревар. Љубителите на гејмингот во петокот и саботата имаа можност да ги следат  натпреварите во живо во East Gate Mall, како и онлајн на сервисот „Tвич“ (Twitch).

Победници во FIFA22 е тимот на Red Devils. Пехарот во CS:GO натпреварот заслужено го добија GODMODE, Mystique победија во Dota 2,  додека првото место во Tekken 7 го освои Renion.

На Cosplay натпреварот, пак, победата ја однесе Сара Трајкоска.

Еден од најголемите е-спорт настани во земјава, „А1 Game Fest“, годинава се одржа по четврти пат. Покрај паричните награди, за натпреварувачите и гледачите беа обезбедени дополнителни изненадувања и подароци.