(ВИДЕО) „Дубиоза Колектив“ настапи во Советот на Европа во Стразбур

фото: Твитер / @WFDemocracy

Популарната музичка група „Дубиоза Колектив“ од Босна и Херцеговина свиреше за време на собирот во седиштето на Советот на Европа во Стразбур на Светскиот форум за демократија.

Како што пишува „Радио Сараево“, босанските музичари ги распеале учесниците на форумот, активистите и бирократите.

Членовите на „Дубиоза Колектив“, освен настапот, упатија и порака до Советот на Европа дека голем број на луѓе ја напуштаат Босна и Херцеговина.

„20 посто од луѓето ја напуштија Босна и Херцеговина во последните неколку години. Можеме да направиме нешто по ова прашање, вие можете да ни помогнете. Можете да ни помогнете да добиеме работни визи, и ние седуммина да заминеме од земјата. Можеби да почнеме во Стразбур, можеме да свириме за вас помеѓу седниците, да се опуштите и вие како денес“, порачаа „Дубиоза Колектив“, со што ги насмеаја присутните.

Присутните во Стразбур можеа да ги слушнат нивните хитови како „No Escape (from Balkan)“, „U.S.A“  и култната „Bella Ciao“.