среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Стразбур | 26 резултати

Пресуда на Стразбур против Македонија за неправедно протерана бегалка

мај 18, 2018

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда за случајот „Љатифи против Република Македонија“, со која се утврдува повреда на членот 1 од протоколот 7 на европската конвенција за човековите права, кој се однесува на процедуралните гаранции во случај на протерување на странци. Како што образложува судот во Стразбур, жалителката Ѓилизаре Љатифи, родена во 1991 година, […]

Утре Брисел ќе препорача отворање на преговори со Македонија

април 16, 2018

Европската комисија повторно препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а извештајот за напредокот на земјата е меѓу попозитивните во овој пакет на Брисел, кој, како што стои во извештајот, „јасно ја препознал политичката волја за напредок“, јави Радио Слободна Европа (РСЕ), чии дописници од Брисел имале увид во документот што ќе биде објавен утре […]

Судот во Стразбур пресуди дека Велија и Емел Рамковски биле притворени без аргументи

февруари 8, 2018

Судот за човекови права во Стразбур, пресуди во корист на Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковска, кои поднесоа тужби до судот за критериумите по кои бил одреден притворот и за должината на притворот во случајот „Пајажина“. Согласно пресудата, државата ќе треба да им исплати и парична оштета во износ по 780 евра на двајцата. […]

Судот во Стразбур ѝ пресуди 9.500 евра обесштетување на ПОА на Вранишковски

ноември 16, 2017

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска донел пресуда во полза на Православната охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски, а Република Македонија ќе мора да исплати 9.500 евра обештетување на ПОА, извести Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Со пресудата се констатира дека со одбивањето на надлежните во Македонија да се […]

Петмина работници ја победија Црна Гора во Стразбур

февруари 24, 2017

Петмина поранешни вработени во некогашниот гигант на СФРЈ и потоа на СРЈ, производителот на градежни машини „Радоје Дакиќ“, по седум години чекање, го добија спорот против владата на Црна Гора што го поведоа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јавија црногорските медиуми. Сега црногорската влада мора да им исплати најдоцна за три месеци […]

ПССЕ го избра Јован Илиевски за судија во Стразбур

октомври 11, 2016

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска со 106 гласа „за“ го избра обвинителот во македонското Обвинителството за организиран криминал, Јован Илиевски, за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Освен Илиевски, кандидати за судија беа и судијката од Уставниот суд, професорката Наташа Габер-Дамјановска, која добила 86 гласа, како и Звоимир Јанкуловски. […]

Никола Попоски во Стразбур на состанок на Паневропската Унија

март 7, 2016

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе има обраќање на состанокот на работната група на Европската народна партија (ЕПП) во Паневропската Унија, во Европскиот парламент во Стразбур. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, пред членовите на работната група, министерот Попоски ќе се осврне на европскиот интегративен процес на Република Македонија и на перспективите […]

Стразбур утврди дека истрагата за случајот на Мартин Нешковски била законски спроведена

јануари 21, 2016

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која се вели дека за случајот со убиството на Мартин Нешкоски нема повреда на членот 2 од Европската конвенција за човековите права во смисла на ефективноста на истрагата, објави „Академик“. Мајката на Мартин Нешкоски, Ленка Нешкоска, до Европскиот суд за човекови права се жалела дека истрагата за […]

Прилепски таксист доби спор против Македонија во Стразбур

септември 27, 2015

Таксист од Прилеп, кој не знаел дека превезува албански државјани кои нелегално ја преминале границата, ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во врска со конфискувањето на неговото возило од марката „мерцедес“. Државата треба во рок од три месеци од денот на правосилноста на пресудата да му го врати возилото, кое судот […]

Партијата на зелените бара зградата на ЕП во Стразбур да им се отстапи на мигрантите

септември 10, 2015

Огромната футуристичка зграда на Европскиот парламент во францускиот град Стразбур би можела да се искористи како прифатилиште за мигрантите, предлага лидерот на Партијата на зелените, Филипе Ламбертс. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Ламбертс предложил членовите на Европскиот парламент да се преселат во зградата на парламентот во Брисел, а зградата во Стразбур да им се отстапи на […]

Фармерот Душко Илиевски доби 6.000 евра отштета за загубите додека беше во притвор

јули 14, 2015

Апелацискиот суд во Битола пресуди отштета од 6.000 евра за семејството на фамерот Душко Илиевски за земјоделските загуби додека тој и дел од неговото семејство беа во протвор 12 дена во 2010 година. За пропаднатиот род на нивите со компири, боранија, пиперки, фармерот Илиевски бараше 9.000 евра отштета од државата, но Основниот суд и Апелацискиот суд […]

Протест пред Регулаторна комисија за енергетика

јуни 27, 2015

Граѓани кои се исклучени од системот за парно греење, денеска протеситраа пред Регулаторната комисија за енергетика, објави „Фокус“. Тие најавија дека правдата ќе ја бараат во судот во Стразбур, оти домашните судови го затвориле нивниот случај. Тие и понатаму нема да бидат корисници на парно, но секој месец ќе плаќаат паушални сметки, како и досега, со […]

Без конкретен договор на маратонската средба Груевски – Заев во Стразбур

мај 20, 2015

Заврши рундата разговори на највисоко ниво помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со тројцата европратеници и со комесарот за пристапни преговори, Јоханес Хан, во Стразбур. Во соопштението на европратениците се вели дека се поздравуваат напорите на двајцата партиски лидери да работат врз заеднички договор во интерес на граѓаните и да […]

Заев и Груевски на средба во Стразбур

мај 19, 2015

Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Стразбур ќе разговараат со пратеници во Европскиот парламент, како и со претставници на Европската комисија. Најавено е тие да имаат средба и со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.

СДСМ: Шпекулација се имињата на можни премиери на преодна влада

мај 18, 2015

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утре пак ќе се сретнат во Стразбур, во обид да ја решат политичката криза, потврди за „Мета“ Илија Димовски, пратеник од владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека тие немаат намера да прифатат техничка влада. Исто категорични во своите барања се и од […]

Македонка доби уште една пресуда во Стразбур

мај 7, 2015

Македонската држава ќе треба да ѝ плати 5.000 евра отштета и 300 евра судски трошоци на 39-годишната Марина Илиевска од Крива Паланка, која во 2009 година била жртва на полициска бруталност кога нејзиниот сопруг побарал таа да биде пренесена во психијатриска клиника во Скопје, одлучи денеска Судот за човекови права во Стразбур. На барање на нејзиниот […]

Македонија казнета во Стразбур за случајот со поранешниот судија Митриновски

април 30, 2015

Утрово судот за човекови права во Стразбур донесе одлука во случајот „Митриновски против Македонија“, во кој државата е осудена за прекршување на членот 6 параграф 1 на Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на правото на фер судење. Македонија ќе треба на Митриновски да му исплати 4.000 евра нематеријална отштета и дополнителни 1.230 […]

Александар Николоски реизбран за прв потпретседател на Мониторинг-комитетот на ПССЕ

јануари 26, 2015

Од 26 до 30 јануари 2015 година во Стразбур, Франција, се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија. На почетокот на сесијата се избраа новите претседатели и потпретседатели на работните тела на Парламентарното собрание. Александар Николоски е реизбран за прв потпретседател во […]

Стразбур реши 25 години стар случај на Македонци

декември 2, 2014

Цели 25 години, поширокото семејство Штерјови од Штип се обидувало да си ја врати земјата што му била одземена во периодот на колективизацијата во минатиот век. На крај, процесот го загубило, но, правдата ја нашло во Стразбур, во Судот за човекови права. Во 1982 година, преку суд, четворицата браќа Штерјови побарале државата да им ја […]

Јункер најави 315 милијарди евра инвестиции за ЕУ

ноември 26, 2014

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во Европскиот парламент во Стразбур го презентираше новиот „амбициозен“ план од 315 милијарди евра на неговата администрација, за поттикнување на порастот на економијата и на вработеноста во Европска Унија, која со години се соочува со финансиска и со економска криза. Всушност, само 21 милијарда евра ќе дојдат […]

Страна 1 од 2