fbpx

Од ноќеска бензините ќе поскапат за половина денар, а дизелот за толку ќе поевтини

-

Од ноќеска бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар за литар, додека малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство ќе се намалат за половина денар.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто во однос на Одлуката од 25.10.2021 година.

На бензинските станици од ноќеска Еуросупер БС-95 ќе може да се набави по цена од 77 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79 денари за литар. Дизел горивото ќе чини 68 денари, додека екстра-лесното масло за домаќинство ќе може да се купи за 67,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денари за килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.

Од РКЕ информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 отсто, кај дизелот има намалување за 0,461 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,838 отсто.

Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е вистина дека претседателот на државата нема никакви ингеренции

Објава неточно тврди дека претседателот нема никакви надлежности и дека за сè треба да го прашува премиерот. Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант...