fbpx

Си-ен-ен: Ситуацијата со глобалниот синџир на снабдување ќе се влошува

-

Ковид-пандемијата предизвика глобален недостиг на компјутерски чипови, кои пак го забавија, а некаде и го запреа производството во голем број на индустриски гранки, како автомобилската и ИТ индустријата.

Според пишувањата на „Си-Ен-Ен“, овој проблем, заедно со недостатокот на возачи на камиони и синџирите на снабдување ги зголемува цените за потрошувачите и го забавува глобалното економско закрепнување.

„Додека глобалното економско закрепнување продолжува да собира сила, она што станува сè поочигледно е како ќе се спречат прекините во синџирот на снабдување, кои сега се појавуваат на секој агол“, наведува „Си-Ен-Ен“ во текстот.

Граничните контроли и ограничувањата за движење, недостапноста до „вакцинален сертификат“, потребата да се биде во сопствената држава, ќе бидат реални пречки за навремени испораки на производите, при што трошоците и цените ќе се зголемат, кои од друга страна ќе влијаат на забавениот економски раст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...