fbpx

Обама: Санкциите против Русија треба да останат на сила

-

Претседателот на САД, Барак Обама, денеска изјави дека со германската канцеларка Ангела Меркел се сложиле санкциите против Русија да останат на сила, нагласувајќи дека ако Русија продолжи со досегашниот курс, изолацијата против неа ќе биде зајакната.

Обама на заедничка прес-конференција со Меркел рече дека руската агресија само го зајакнала меѓународното единство во обидот да се најде решение со Москва.

Според американскиот претседател, јасно е дека Русија го прекршила претходниот договор за Украина, затоа што испратила уште повеќе тенкови и оружје, наместо да ги повлече.

Обама рече дека со Меркел се договориле за продолжување на стратегијата на НАТО, за да се зајакне присуството на Алијансата во Источна Европа и собработката со ММФ за да се обезбеди финансиска поддршка за Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Европската Комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. Помошта обезбедува...