fbpx

Министерството за транспорт продава земјиште на Кале за 100 евра од квадратен метар

-

На скопското Кале е огласено за продажба земјиште со почетна цена од 100 евра за еден квадратен метар, за изградба на објект во барокен или во неокласицистички стил, изјави градоначалнникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција.

– Владата го продава она што не е во нејзина приватна сопственост – рече Жерновски.

Жерновски кажа и дека веќе цела година поминала откако Општина Центар побарала да ѝ се врати сопственоста на парцелата меѓу арената „Филип Втори“, која Министерство за транспорт и врски ја продало за 40 евра по квадратен метар. Како што вели Жерновски, од првичните 2.420 денари за еден квадратен метар, цената на земјиштето со наддавањето се зголемила само за 220 денари.

На прес-конференцијата на Жерновски, реагираа од Министерството за транспорт и врски. Оттаму велат дека тврдењата на Жерновски се груба манипулација и дрзок обид за искривување на транспарентноста на постапката за продажба. Право на учество на наддавањето имале сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица и имало пријава за учество само од едно правно лице, „СИС Балкан“ ДОО Скопје, чиишто основачи се Сергеј Борисович Самсоненко и Ирина Владимировна Самсоненко.

„Постигнатата цена на јавното наддавање изнесува 2.420 денари за еден квадратен метар, односно за вкупната површина на градежната парцела изнесува 34.122.000 денари или нешто повеќе од половина милион евра, од кои 40 проценти ќе завршат во буџетот на Општина Центар, 40 проценти во буџетот на Град Скопје и 20 проценти во буџетот на Република Македонија, со што Центар ќе добие приход од повеќе од 220.000 евра“, е наведено во реакција Министерството за транспорт и врски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска...