fbpx

НУК направи посебен регистар за угостителите за организирање прослави, за да нема недоразбирања со инспекторите

-

Додека Владата и другите институции не изнајдат или објават дополнителни законски решенија или промена на протоколите за прослави и свадби, Независната угостителска комора (НУК) за сите угостители изготви посебен регистер за нив, на кој тие можат бесплатно да се регистрираат и да пријават прослави, соопштуваат од НУК. Тој е објавен на 1 јуни во Службен Весник број, како Прилог бр. 78.

„Со цел да излеземе во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потребата на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација, НУК формираше сопствен регистар за свадби/прослави и веселби за сите угостители и угостителски објекти, како и државни институции, комори, здруженија“, соопштуваат од НУК. Дополнуваат дека е тоа без дополнителен надомест, според барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби/прослави и останати веселби.

Целта е да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава, како и да се евидентираат и разликуваат присутните, кои не се гости, а се ангажирани лица и фирми за реализација на прославата. Со пријава во регистарот угостителите ги надминуваат ситуациите да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од ДПИ, заради непочитување на точка 7 од протоколите.

За секоја пријава во рок од 24 часа, угостителите ќе добијат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во „угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби”.

Од НУК соопштуваат дека, само за овој викенд, од донесувањето на првите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби, низ Македонија се организираа или е во тек организација на повеќе од 100-тина свадби, веселби, родендени и останати прослави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...