fbpx

Заев очекува до почетокот на јуни предлог-решение за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10д

-

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е можно до крајот на мај или почетокот на јуни надлежните институции во земјава да го изготват предлог-решението за моделот по кој ќе се реализира најавената изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“.

Заев денеска изјави дека владините стручни служби предводени од вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт Благој Бочварски и останатите економски ресорни министри, заедно со Јавното претпријатие за државни патишта, работат на комплетниот модел.

„Ги имаме на располагање Законот за стратешките инвестиции, Законот за стратешко партнерство, што можеме согласно Законот за јавни набавки да го склучиме во Собранието, но да оставиме правните служби да го дадат најповолниот модел за Северна Македонија, како е најсоодветно да се поставиме за да можеме сепак да ги запазиме транспарентноста и компетитивноста за да добиеме квалитетни компании“, изјави премиерот Заев.

Владата пред еден месец го потпиша Меморандумот за разбирање и соработка со „Бехтел-Енка“ за изработка на проектна документација и изградба на трите автопатски делници на Коридорите 8 и 10д. Заев денеска изјави дека со реализацијата на овие инфраструктурни проекти, земјава би ги задоволила сите автопатски потреби кои се постојни во моментов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...