Телевизија „Сител“ во централниот дневник вечерва објави снимка од една од тајните средби помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и премиерот на Македонија, Никола Груевски.
На снимката се слуша како Груевски го прашува Заев дали е сигурен дека материјалите што ги поседува ги добивал од странски служби, на што соговорникот потврдно му одговара.
Според телевизија „Сител“ снимките се објавени и преземени од „Јутјуб“.