fbpx

Независна комисија за аферата „Пуч“, бараат европските социјалисти

-

На последните случувања во Македонија реагираа од француската владејачка Социјалистичка партија. Филип Кордери, задолжен за европски прашања, вели дека Социјалистичката партија силно ги осудува методите и жестокоста на власта против кој било вид опозиција.

– Социјалистичката партија изразува силна загриженост за зголемените политички тензии во Македонија, предизвикани од автократското владеење на конзервативната ВМРО-ДПМНЕ. Ја повикуваме ЕУ и Советот на Европа да ја искористат оваа нова афера за да овозможат воспоставување независна комисија, за да ги расветли овие последни обвиненија против опозицијата. Очекуваме, исто така, од Европската народна партија (ЕПП), каде членува владејачката македонска партија, да ја врати оваа партија на демократска разумност – вели Жан Марк Жермен, задолжен за меѓународни прашања.

Реакција пристигна и од парламентарната група на социјалдемократите на Европскиот парламент. Оттаму велат дека одблиску ги следат настаните во Скопје и остануваат загрижени за претераното политичко влијание врз одредени судски процеси и за селективната правда во земјата.

– Поради тоа, повикуваме на независна и на транспарентна истрага за обвиненијата, земајќи ги предвид сугестиите за зацврстување на владеењето на правото. Исто така, слушнавме контрадикторни изјави од премиерот и од Министерството за внатрешни работи. Едниот вели дека обвинетиот веќе се товари, а другото вели дека Обвинтелството сè уште размислува дали тоа да го стори. Ниеден медиум контролиран од власта не ја објави прес-конференцијата на господинот Заев, кој одговараше на обвинувањата, така што, исто така, повикуваме Владата да обезбеди објективно и транспарентно медиумско покривање на обвинетите за време на истрагата – велат од парламентарната група на социјалдемократите на Европскиот парламент.

– Ова е минимум за да можат да се одбранат во јавноста – изјавија Ричард Ховит и Кнут Флекенштајн, потпретседател на групата на социјалдемократите во ЕП.

Во одделно соопштение, реагираше и партијата на европските социјалисти и социјалдемократи, каде членува и СДСМ. Тие изразија загриженост поради обвинувањата против лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев.

Во соопштението, Сергеј Станишев, шеф на европските социјалисти, потсетува на критиките кои Европска унија досега ги упатила на адреса на македонската влада, како што е селективната правда и растечката партизација.
– Во здрава демократска клима, опзицијата треба да може да си ја врши работата во целосна слобода и без рестрикции. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одбива да учествува во Собранието од изборите затоа што не може да работи слободно, во услови кои сè повеќе наликуваат на авторитаризам – потсети тој, повикувајќи да се почитуваат владеењето на правото и независноста на судството.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...