Фото: Арбнора Мемети

Вестите во медиумите дека еден од кандидатите за претседател на Врховен суд „не го положил“ психолошкиот тест не се точни. Според професорката на Институтот, каде е извршен тестот, лице не може да го положи или да не го положи психолошкиот тест, туку само го пополнува истиот, додека Институтот дава мислење дали тоа лице е соодветно за одредена работа или не. Повторено тестирање е направено поради технички проблеми. Претседателот на Судскиот совет потврди дека Институтот дал мислење дека Џемали Саити е „соодветен“ за извршување на функцијата, пишува Порталб.мк.

Во Врховниот суд продолжува постапката за избор на претседател на Врховниот суд. Според условите, кандидатите мора да пополнат психолошки тест за да нивните кандидатури бидат прегледани. Но, како што објави Порталб.мк, двајца од кандидатите не го пополниле овој тест. Меѓу нив е судијата Џемали Саити, за кого последните денови медиумите беа преплавени со информации дека не успеал да го „положи“ психолошкиот тест, а Судскиот совет му дозволи да се тестира по вторпат.

Следствено, на социјалните мрежи се ширеа ставови од типот „лицето кое претендира да го води највисокиот суд во земјата, не успеало да го положи психолошкиот тест“. Ваквите тврдења не се точни, потврдуваат од Судскиот совет, но и од Институтот каде што е извршено тестирањето. Недостаток на терминолошко знаење во соодветната област, влијаеше медиумите, но и граѓаните да бидат слободни во толкувањето на поимите и практиките, кои не секогаш го имаат истото значење.

Порталб.мк првично стапи во контакт со кандидатот Саити за да ја коментира ситуацијата за која станува збор, но тој не сакаше да зборува пред крајот на изборниот процес. Сепак, најави дека по завршување на оваа постапка ќе даде „интересни детали“ за процесот.

„Ќе се изјаснам по завршувањето на постапката, и тоа со интересни детали за различни актери“, рече Саити.

Во однос на тоа што значат овие „интересни детали за различни актери“, Саити повтори дека ќе се изјасни откако ќе заврши постапката бидејќи, како што рече, „не сака да влијае врз изборниот процес“.

После него разговаравме со претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, кој рече дека не станува збор за „неположување на тестот“.

„Апсолутно не станува збор за неположување на психолошкиот тест. Не станува збор за незнаење или нешто слично. Овој тест дури и нема никаква врска со професијата, има психолошки прашања. Тестирањето го прави Институтот за правни, политички и социолошки истражувања и тие, како Судски совет, нè известија дека поради технички проблеми, првиот тест на Саити не е валиден и истиот треба да се повтори. Саити отишол по втор пат, и сега сè е во ред“, рече Здравев за Порталб.мк.

Не можете да „паднете“ или да го „положите“ психолошкиот тест

Професорката на Институтот за правни, политички и социолошки истражувања, Елеонора Серафимова, ексклузивно за Порталб.мк, ги негира написите во медиумите, бидејќи за Саити користеле несоодветни термини поврзани со неговото психолошко тестирање; тестирањето е потребно за кандидатура во Судскиот совет, за конкурсот за претседател на Врховниот суд.

„Не можете да „паднете“ или да го „положите“ психолошкиот тест, бидејќи таков термин не постои. Во психолошки тест не може да знаете или не знаете прашања, во овој случај тоа е тест за личност и има прашања во врска со личниот живот и тука нема знам или не знам. Значи, не мора да научите нешто, а потоа да полагате испит. Психолошкиот тест не е како оној даден во клиниката за луѓе кои имаат психолошки проблеми, а ниту како оној даден за знаење или интелигенција, како на пример интелектуални или логички вештини. Овој тест е за карактерот на личноста, каква е неговата природа, се мерат искреноста, интегритетот, моралот, чесноста. Значи, тука се прашува дали сте поотворени или затворени, дали сакате да пешачите, дали сте поодговорни на работа, дали имате поретко нервоза или почесто, па со овој тест може да се види каков е вашиот карактер“, објаснува професорката Серафимова.

Откако кандидатот ќе го пополни тестот, Институтот дава мислење за тоа дали истиот е соодветен или не е соодветен за работното место за кое конкурира. Ова не значи дека тој паднал на испит, туку едноставно не е соодветен за таа работа. Дури и во случаи кога Институтот дава позитивно мислење, не се смета дека тој го положил психолошкиот тест.

„Кога се дава психолошки тест за прифаќање, тој се дава во функција дали кандидатот е соодветен и дали има карактеристики за работното место, но тој не може да падне на тестот. Значи, кандидатот го завршува тестот и ние даваме мислење дали кандидатот е соодветен за определено работно место или не“, објаснува професорката Серафимова

Тестот може да се повтори кога е невалиден

За да биде тестот валиден, тој мора да генерира профил на лицето што го пополнило тестот, и тоа некој пат не може да се случи од разни причини, поради тоа тестот се прогласува за невалиден и истиот се повторува – ова не значи дека кандидатот е несоодветен или дека паднал на тестот.

„Психолошкиот тест се спроведува компјутерски и во случаи кога апликацијата не генерира профил на кандидат, тестот може да биде невалиден. Тестот е американски, развиен е многу години и внатре во тестот има формула, така што научниците и психолозите поставија формули за тоа како да се открие кога нешто изненадува на тестот. Во такви случаи, ако има 5 алтернативи, некој одговорил само на првата, средната или последната, одговорил брзо или бавно. Во овој случај, психолозите рекоа дека профилот треба да се пополни уште еднаш“, објаснува Серафимова, додавајќи дека во овие случаи им даваат дополнително објаснување на кандидатите за да нема проблеми од ваков вид.

Според неа, ако од овие причини профилот не биде изваден, тоа не значи дека лицето не е соодветно за таа работа, туку едноставно не може да даде профил и доколку кандидатот повторно не влезе во тестот, тогаш ние им велиме дека ако сакаат можат да одат да се тестираат на друго место.

Професорката вели дека техничките проблеми се од ваков тип, а не како се шпекулира во медиумите поради немање интернет.