fbpx

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ќе протестира пред Владата

-

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира за оставка на премиерот Зоран Заев, денеска пред Владата со почеток во 18 часот. Како што информираат од партијата, протестот ќе започне со тргнување со автомобили пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ во 17:30 часот.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски го повика народот за поддршка, со цел да се спротивстават на премиерот Заев кој, како што вели Мицкоски, ја продава државата.

„ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија. Оставка!,“ напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Од СДСМ пак, реагираат дека опозицијата се однесува неодговорно и во време на пандемија ги крши мерките за заштита.

„Во име на лажна загриженост за здравјето на граѓаните не учествуваат на локалните избори во Штип, а истовремено организираат протести, на кои не се почитуваат мерките за заштита на здравјето во време на пандемија на коронавирусот,“ стои во соопштението од владеачката партија.

Изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ протестираше за поскапувањето на струјата, политичкиот прогон, депониите, како и за преговорите со Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...