fbpx

ВМРО-ДПМНЕ преку протест пред влада бара информации за преговорите со Бугарија

-

Со протест во траење од еден и пол час и блокирање на улиците пред Владата и Министерството за надворешни работи, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска побара информации за тоа што точно се преговара во Софија. Лидерот Христијан Мицкоски порача дека идна влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува никаков патоказ што ќе биде договорен меѓу двете земји, доколку со тоа биде начнат македонскиот идентитет.

„Само политички аматер може да потпише еден таков договор во кој историјата ќе биде критериум за напредок на државата во процесот на полноправно членство во рамки на ЕУ,“ изјави Мицкоски, порачувајќи дека договор со кој се оспорува потеклото, коренот на јазикот, во кој се оспоруваат историските факти, и тие бидат фактички критериум за понатамошно полноправно членство во ЕУ, не е договор.

Тој додаде дека гласот од страна на меѓународната заедница бил таков дека работи што не треба да се преговараат, треба да останат надвор од процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, како што се идентитетот, обичаите, историјата, јазикот, итн. ВМРО-ДПМНЕ и утре планира да продолжи со блокада на скопските улици во периодот од 15 до 16.30 часот пред Владата и пред Министерството за надворешни работи.

Од владејачката партија СДСМ денеска му одговорија на Мицкоски дека одработува за странски интереси на штета на својот народ. Партискиот портпарол на СДСМ Коста Костадинов изјави дека сè што излегува од устата на Мицкоски е лага, потенцирајќи дека за јазикот и идентитетот не се преговара.

Тој нагласи дека идентитетот ни е потврден благодарение на одговорните, државнички и успешни политики на власта предводена од СДСМ.

„Да не заборавиме влеговме во НАТО како членка, како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, кој што нема бугарски корени, истото се случува сега при нашиот процес на интеграција во ЕУ и решавање на ова прашање со Бугарија. Треба да дадеме шанса на преговорите. Нашите црвени линии се тие, ние ги спомнуваме многу јасно и гласно, дека сме Mакедонци, кои зборуваме македонски јазик, кој нема корени од бугарскиот јазик,“ потенцираше Костадинов.

Во меѓувреме, денеска од Владата стигна и информацијата дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Тој е активен во изминатиов период со своите ставови по однос на недоразбирањата што земјава ги има со Бугарија, како и со негови ставови за евентуално надминување на проблемите односно барањата на Бугарија кои доведоа до блокада во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...