„Скапа струја, сиромашен народ“ е пораката од протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата (галерија)

-

Со транспарент „Скапа струја, сиромашен народ“ попладнево се одржа протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата кој во понеделникот го најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Протестниот марш, на кој присуствуваа неколку стотици граѓани, започна пред Министерството за правда, а заврши пред Регулаторната комисија за енергетика, каде и Мицкоски имаше говор.

„Добредојдовте на овој прв од серијата протести кои што треба да го покажат и докажат гневот насобран во народот поради онаа неправда која што се случуваше изминатите месеци, украдените и поткупени избори од мафијата на власт. Ова ќе биде еден од серијата протести против неправдите на мафијата на Илинденска бр. 2. Богати мафијаши во владата, а сиромашен народ, тоа е реалноста во нашата Македонија“, рече Мицкоски пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Тој истакна дека бараат да се врати старата цена на електричната енергија, како и професионализација на РКЕ.

На протестот беше присутно и тесното раководство на партијата.

Реакција за протестот стигна од владеачката партија СДСМ, од каде што велат дека со дебакалот од протест, Мицкоски ја потврдува титулата губитник.

„Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата“ изјавија од СДСМ.

Пред два дена на прес-конференција Мицкоски соопшти дека нивната партија почнува со протести што ќе се одржуваат во следниот период, на што реагираа од владејачкиот СДСМ, нарекувајќи го Мицкоски очаен губитник.

Претходно, премиерот Зоран Заев изјави дека поскапувањето на струјата е на барање на ЕСМ и МЕПСО, а како последица на пандемијата и неповолната состојба со хидроакумулациите.

Откако се најави поскапувањето на струјата реагираа и синдикатите низ државата, нарекувајќи ја одлуката скандалозна и побараа нејзино повлекување.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...