До 2038 година Чешка ќе престане со ископот на јаглен од рудниците

Фото: Martin Sepion на Unsplash

До 2038 година Чешка ќе го затвори производството на јаглен од рудниците, одлучи чешкиот владин Комитет за јаглен. Точниот датум ќе биде договорен компромисно, изјави министерот за индустрија Карел Хавличек во петокот, претставувајќи го крајниот извештај, пренесува деловниот портал Seebiz.eu

Еколозите бараа и порано да се прекине со ископот на јагленот, а докторите потпишаа и петиција предупредувајќи на последиците од трајното загадување на воздухот, поврзано со електраните на јаглен.

Во минатата година 49 отсто од електричната енергија во Чешка е произведена во електраните на јаглен, кои сега треба да се заменат со обновливи извори на енергија, како и со постојните и со новите нуклеарни реактори. Критичарите на владината енергетска политика истакнуваат дека Чешка секоја година извезува многу струја.

„Имаме јасни патеки за развој на нуклеарната енергија“, изјави Хавличек.

Комитетот за јаглен е основан во 2019 година и ги вклучува претставниците на министерствата, парламентот, индустријата, стопанството, регионите и здруженијата за заштита на околината.

Досегашните состаноци на Комитетот беа придружувани со протести кои ги организираа движењата како што се „Во петок за иднина“ и „Побуна за изумирањето“.