fbpx

Странските директни инвестиции во третиот квартал бележат одлив од 5,4 милиони евра

-

Во текот на третиот квартал од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 5,4 милиони евра, како резултат на намалената реинвестирана добивка за 37,7 милиони евра, при зголемени инвестиции во меѓукомпаниски долг и сопственички капитал (за 24,1 и 8,2 милион евра, соодветно), покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Во периодот јануари-септември 2020 година, нето-приливите од 119,5 милиони евра се резултат на вложувањата во сопственички капитал (77,1 милиони евра) и реинвестирање на добивката (62,1 милиони евра), додека меѓукомпанискиот долг влијаеше во насока на намалување на директните инвестиции (19,7 милиони евра)“, информираат од Народната банка.

Оттаму објаснуваат дека податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти.

„Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти“, укажуваат од банката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...