fbpx

Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност на која ќе се разговара за актуелната состојба со ковид-19

-

Седница на Советот за безбедност ќе се одржи утре, 19 ноември, со почеток во 12 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, информираат од Кабинетот на претседателот.

„На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции,“ се вели во соопштението.

Во однос на мерките што се преземаат во борбата против Ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче утрово се срена со младите лекари кои се на приватна специјализација на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво, нос и грло и Кожната клиника кои сакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид центрите на овие клиники.

„Станува збор за триесетина млади лекари чија помош ќе биде добредојдена на инфективните одделенија. Во тек на денот ќе се направи распоред за ротација на сите млади лекари и ќе бидат вклучени во работата во ковид центрите,“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Утрово Филипче се сретна и со директорите на интерните клиники, при што беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински персонал и можностите и потребата од проширување на капацитетите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...