fbpx

Обилниот дожд предизвика прекин на ископот и транспортот на јаглен во РЕК Битола

-

Врнежите од дожд кои последниве денови ја зафатија целата држава, во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола, трета по ред во период од два месеца.

„Ископот и транспортот на јаглен во моментов се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите. И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК Битола, континуираното производство на електрична енергија засега не е е доведено во прашање и истото продолжува според планот и потребите на електро-енергетскиот систем“, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Од ЕСМ додаваат дека е слична и состојбата во рудникот „Брод Гнеотино“, каде во моментот се копа кровна јаловина и се преземаат напори и таму да се санираат штетите, за да се подготви рудникот за дисконтинуиран ископ на јаглен на почетокот на септември, со цел да се добијат потребни количества за грејната сезона 2020/2021 година.

Од ЕСМ соопштија дека за состојбите во Рудникот Суводол на РЕК Битола е известена и Владата, како и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Армијата, преку Министерството за одбрана. Сите тие ги ставиле своите ресурси на располагање за интервенција, ако има потреба.

Денеска на терен излегле генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, како и комплетното раководство на Комбинатот и стручните служби. Според вработените, ваква елементарна непогода, со интензивни и обилни врнежи од дожд, во рудникот „Суводол“ не е забележана во последните 20 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...