fbpx

ДИК: Тесно водство на Коалицијата Можеме пред опозициската Обнова за Македонија

-

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на прес-конференција соопшти дека досега биле преброени гласовите од 70 проценти од избирачките места во земјава, како и дека во моментов има мртва трка меѓу политичките конкуренти во однос на бројот на освоени гласови на денешните предвремени парламентарни избори.

Од преброени гласови од 2.662 од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,61 отсто од гласовите наспроти Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,88 отсто. ДУИ има освоено 10,39 отсто, Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13 отсто, Левица освоила 4,07 отсто, Интегра 1,38 отсто и ДПА 1,37 отсто од преброените гласови.

И покрај ваквите резултати објавени од ДИК, засега не може да се предвиди каква е распределбата на пратеничките места по изборните единици поради тесната разлика во освоените гласови. Најголемо водство Коалицијата „Можеме“ оствари во шестата изборна единица пред Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, со околу 7 проценти разлика во корист на владејачките СДСМ и Движењето БЕСА. Оваа коалиција води и во првата, четвртата и петтата изборна единица, додека опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ води во третата и во втората изборна единица, но и тука разликата е тесна.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на прес-конференција истакна дека веб-страницата за следење на резултатите во живо е падната поради, „обид за надворешен напад“, но додека не се потврди ова, тој не би шпекулирал по ова прашање.

Тој рече дека овој напад не може да предизвика проблеми во однос на пребројувањето на гласовите, бидејќи апликацијата која ги собира податоците не е нападната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...