fbpx

Лекарска комора покрена постапка пред Судот на честа за докторите од Охридската болница

-

Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, бидејќи не ѝ овозможиле здравствена заштита на пациентка од струшкото село Татеши, која со симптоми на Ковид – 19 побарала здравствени услуги.

Како што се наведува во соопштението на Комората, докторите постапиле несоодветно и несовесно, со што го нарушиле угледот и достоинството на лекарската професија, како и моралните принципи и неопходна хуманост и предаденост кон вршење на медицинскиот повик и дисциплина во извршување на лекарската професија.

„Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања, вчера на вонредна седница расправаше за етичкиот аспект на однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид. Согласно законските прописи и подзаконските акти, донесе одлука со која се осудува постапката на докторите за неукажување на медицинска помош на пациент со симптоми на Ковод–19 кој се обратил во болницата за помош. Покрената е иницијатива за поведување на постапка пред Судот на честа, при Лекарската комора, кој треба да расправа за одговорноста на докторите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија“, стои во соопштението на Лекарската комора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...