fbpx

Лажна порака, наводно испратена од микробиологот Рака, се шири насекаде низ Косово

-

Граѓаните и понатаму стануваат плен на дезинформации и со ширење на една невистина, несвесно придонесуваат за создавање паника во јавноста. Дезинформацијата што многу кружеше низ разни профили и страници на Фејсбук на Косово е порака, која, наводно, ја испратил микробиологот Лул Рака. Пораката, кој, меѓу другото, вели дека ќе се случи голема катастрофа, како резултат на корона вирусот, е распространета на Фејсбук, Вибер, Инстрграм и ВатсАпп, пренесува Порталб.мк.

Конечно, реагираше и самиот микробиолог Лул Рака, со изјава дека тој никогаш не го рекол тоа и дека во своите пораки никогаш не го спомнал зборот „катастрофа“, но дезинформацијата стана вирална. Ако пребарате на Фејсбук со зборовите „Др. Лул Рака со порака“, ќе излезат многу резултати од различни граѓани кои ја споделиле оваа дезинформација.

Граѓаните не треба да веруваат на секакви информации што читаат, а за да се заштитат едноставно треба да размислуваат и да судат според медиумската содржина на која се изложени, пред да веруваат и да ги споделат. Во ова време кога има премногу информации, многу е важно внимателно да се изберат изворите на информации, а најдобриот избор е кога се информираат само од сериозни медиуми и државни институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...