fbpx

Фотомонтажа е фотографијата со албанското знаме од „селфи“ на Заев во емисијата „Еден на еден“

-

Фотографијата на лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев на која тој прави „селфи“ во позадина со луѓе кои наводно држат албанско знаме, е фотомонтажа која се шири на социјалните мрежи, пишува „КриТинк“.

Оригиналната фотографија е направена по снимање на забавната емисија „Еден на еден“ каде што Заев гостуваше и по снимањето тој направил „селфи“ со публиката.

На социјалните мрежи се ширеа и други фотографии од Заев со албанско знаме проследено со коментари „Призна, ние не сме македонска партија“.

Со фотографиите на Заев со албанското знаме, се прави обид СДСМ да се прикаже како албанска партија. Но, според изјавите на лидерот на партијата, едно е да кажете дека „ќе се обидете да направите коалиција со албанските партии“, а сосема друго дека „СДСМ повеќе не е македонска туку мултиетничка партија“. Мултиетичноста не ги вклучува само Албанците, туку и другите припадници на етнички заедници кои живеат во државата. А коалицирањето помеѓу македонски и албански политички партии не е ништо ново на политичката сцена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...