fbpx

Шилегов: Скопје ќе биде толку убаво колку што сакаат неговите граѓани

-

Просторот од околу 6.000 квадратни метри под железничката станица во Скопје кај населбата Мичурин по повеќедецениската запуштеност поради која претставуваше дива депонија ќе биде претворен во парк со детско игралиште. Ова на средбата со медиумите денес го соопшти Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, придружуван од градоначалниците на општините Аеродром и Центар, Златко Марин и Саша Богдановиќ бидејќи просторот се наоѓа на самата граница помеѓу двете скопски општини.

Од овој простор претходно беа исчистени над 15 илјади кубни метри отпад, рече Шилегов, најавувајќи цел низ сезонски активности на чистење и уредување на запуштени локации во општините Карпош, Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром со цел заштита на јавниот простор од, како што рече, градежно дивеење.

– Скопје ќе биде онолку убаво колку што тоа ќе сакаат неговите граѓани – рече првиот човек на Градот, апелирајќи до граѓаните да го почитуваат редот и да не фрлаат отпад на несоодветни места. Тој најави нови паркови во Индустриската зона, во стар Аеродром и во Мичурин.

Што се однесува до депонијата во Шуто Оризари, која деновиве во неколку наврати беше палена, а граѓаните бараа да интервенираат надлежните, Шилегов вели дека таа депонија е создавана најмалку 40 години и не може реку ноќ да се реши проблемот.

– Таа е влезена во годишната програма на Министерството за животна средина и очекувам таа годинава да биде расчистена, а ние како Град ја тргнавме оттаму претоварната станица на Комунална хигиена за да не бидеме обвинувани за злоупотреби – рече Шилегов.

Тој се осврна и на проблемот со превземањето на градската топловодна мрежа.

– Причината е што имаме недоразбирање со концесионерот, БЕГ, но и со некои правни мислења од Владата. Јас сметам дека треба да им биде одземена лиценцата и да биде дадена на Градски енергетски системи – рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник денес најави пристигање на првите 15 од вкупно 33 еко-автобуси за 12 март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...