fbpx

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,82 проценти во однос на цените утврдени со одлуката од 27 јануари.

„Малопродажната цена на „еуродизел“ се намалува за два денари за литар и ќе изнесува 58 денари, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,50 денари за литар. Цената на „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ ќе изнесува 66 денари за литар. Малопродажните цени на „еуросупер БС-98“ се намалуваат за еден денар за литар и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 68,50 денари за литар,“ се вели во соопштението на РКЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...