fbpx

Истекувањето на мандатите на членовите на поротата во „ТНТ“ и „Монструм“, (не)намерна грешка на судијата

-

За враќањето од почеток на некои предмети, како случаите „ТНТ” и „Монструм“, најголема вина носи судијата на предметите. Тој, кога го започнал судскиот процес, не водел сметка дека може да има членови на поротата чиј мандат може да истече, пишува „Порталб.мк“.

Васко Тодоровски, директор на Здружението за истражување, анализа и развој „Зелена Лупа“, вели дека знаејќи ја практиката на судството за долготрајни парници, претседателот на Судскиот совет требало да ја провери возраста на членовите на поротата во моментот кога го примил предметот.

„Не можеме да кажеме дека „ТНТ“ е вратен од почеток само поради одолговлекувањето од страна на одбраната. Тие имаат право да го прават тоа со цел да изнудат застарување на предметот, но кога случајот ТНТ е назначен како комплициран случај, пред започнување, претседателот на Судскиот совет можел да види дека за една или две години истекува мандатот на една од поротничките. Знаеме дека таков случај не може да се реши за една или две години,“ вели Тодоровски.

Според него, случувањата „ТНТ“ воопшто не треба да не изненадуваат, бидејќи и пред тоа имало вакви случаи.

„А тие ќе се случуваат сè додека постои судската мафија која не е формирана сега, или од претходната влада, туку таа е тука од осамостојувањето. 30 години имаме криминална судска власт, која е преплетена помеѓу адвокатите, обвинителите и судиите. Ниту една влада не беше подготвена да го реши ова прашање бидејќи сите нивоа на власта ја користеле мафијашка организација. Членовите на поротата служат само украси, а ретко кој од членовите земал збор во судница“, додаде Тодоровски, истакнувајќи дека Судскиот совет може да покрене иницијатива за незаконско работење на судиите.

Инаку, враќањето на случаите од самиот почеток ја отфрла и целата работа извршена во парницата, односно случајот започнува од нула.

Такви се случаите со „ТНТ“ и „Монструм“, кои мораше да се вратат од почеток затоа што на една поротничка и истекол мандатот. И во двата предмети судија е Огнен Ставрев.

За разлика од случајот „ТНТ“, за што беа изгубени две години работа, во „Монструм” враќањето на предметот беше само формално, бидејќи по пет минути судењето продолжи од таму каде што заврши во претходната расправа.

Јавноста редовно реагираше за одолговлекувањата во случајот „ТНТ“ од страна на адвокатите. Судијата казни тројца адвокати Дончо Наков, Мерхан Даути и Боро Тасевски со по 2.000 евра глоба поради тоа што не појавиле на суд.

Обид за блокада имаше и адвокатот Мерџан Даути, кој побара целиот предмет да му се преведе на албански јазик. Претходно на судењето за „Талир“, со иста тактика одложување побара и обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Случајно или не, судењето на „ТНТ“ исто така се оддолговлече, откако поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски не се појави на суд затоа што според неговиот адвокат, тој е во болница на лекување на повредите здобиени при судир со две лица.

Трајковски продолжи да не се појавува на две рочишта во случајот „ТНТ“ со образложение дека не добил покана од судот, а пак судијата Ставрев нареди да се биде донесен во суд со полициска придружба. Сепак судењето е одложено за 20 јануари, поради здравствената состојба на Трајковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...