fbpx

Метаморфозис објавува повик за новинари во „Мета.мк“ и „Порталб.мк“

-

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ објавува повик за ангажирање на новинари во редакциите на „Мета.мк“ и „Порталб.мк“. Кандидатите кои имаат искуство во новинарството може да имаат предност пред останатите, но одлучувачки фактор не е искуството туку нивната креативност и ентузијазам. Потребно е, за двата медиуми, кандидатите да имаат дигитални вештини.

Од заинтересираните за работа во „Мета.мк“ се очекува одлично да го познаваат македонскиот јазик, како и англискиот јазик.

Од заинтересираните за работа во „Порталб.мк“ се очекува одлично да го познаваат албанскиот јазик, како и англискиот јазик.

Кандидатите треба да испратат куса биографија и мотивациско писмо во електронска форма на [email protected] најдоцна до 14.02.2020 година.

Фондацијата Метаморфозис верува дека преку истакнување на посветеноста кон родовата еднаквост се зголемува делотворноста на проектите до максималното ниво, се јакне организацијата, се подобруваат програмските ресурси и координацијата со внатрешните и надворешните партнери. Метаморфозис се грижи за целосна усогласеност со националните закони и политики поврзани со родот и трудот, родова еднаквост во пристапот до можности за обуки, образование, учество во процесот на носење одлуки и придонесите од жените и од мажите да бидат видливи и вреднувани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...