fbpx

„Би-би-си“ со иницијатива за идентификување на изворите на дезинформации

-

Покрената е уште една иницијатива на големите меѓународни медиуми за битка против лажните вести преку заедничко воочување на изворите што ги користат овие загрозувачи на новинарската професија. Иницијатор е британскиот јавен сервис „Би-би-си“, заедно со агенцијата „Франс прес“, а им се придружува Европската унија на емитувачи (ЕБУ), весниците „Фајненшел тајмс“, индискиот гигант „Хинду“, дневниот весник „Волстрит џурнал“, канадското радио „Си-би-ес“ (CBS), агенцијата „Ројтерс“ со својот институт, пренесе регионалната Телевизија Н1.

Соработката меѓу нив ќе постои особено за време на важните избори во демократските земји, ќе се укажува на лажните или сомнителни информации кои не треба да се преземаат или кои ги загрозуваат животите на граѓаните. Борбата против „лажните вести“ (fake news), ќе се потпира и врз Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN – каде што верифициран член е и порталот за проверка на факти – „Вистиномер“, кој го издава Фондацијата „Метаморфозис“) и на Иницијативата за доверба во новинарството (Journalism trust initiative), која е дел од „Репортери без граници“.

Според анализата објавена од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медумска умешност – Критинк“, сосема е извесно дека ваквите иницијативи, кои ги имаше и претходно, ќе имаат успех ако само продлабочено се пријде кон овој проблем што го имаат медиумите што строго се придржуваат до правилата на професијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...